Достапни линкови

НАТО ја обвини Русија за учество во конфликтот во Украина


Генералниот секратар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секратар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секрeтар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја обвини Русија за учество во директни воени операции во Украина и ги отфрли како што ги нарече, шупливите негирања од земјата. Говорејќи по итната средба на НАТО во Брисел за кризата во Украина тој порача дека сега е јасно оти руските сили нелегално ја преминале границата, што претставува опасен модел за дестабилизација на Украина и бесрамно кршење на нејзиниот суверенитет. Според него, Москва ги снабдила со оружје проруските сепаратисти и извршувала напади врз украински војници од нејзина територија.

XS
SM
MD
LG