Достапни линкови

Иран се надева на позитивен резултат од нуклеарните преговори


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф со неговиот руски колеага Сергеј Лавров.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф со неговиот руски колеага Сергеј Лавров.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека земјата се надева оти ќе биде постигнат позитивен резултат од разговорите со светските сили за нуклеарната програма пред крајниот рок во ноември.

Говорејќи по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, тој нагласи дека санкциите нема да бидат пречка за развој на иранската нуклеарна програма. Лавров изјави дека Москва поддржува решение базирано на правото на Иран да ја употребува нуклеарната енергија за мирољубиви цели, вклучувајќи го и правото на збогатување ураниум.

XS
SM
MD
LG