Достапни линкови

Зошто стратегијата на СДСМ е невидлива за граѓаните?


Новата стратегија нема позначаен прием кај граѓаните, а една од причините затоа е што освен одредени портали сите поголеми медиуми малку информираат за активностите на опозицијата, а тенденција им е главна тема да им бидат активностите на власта велат дел од граѓаните во рубриката Хајд Парк.

Вонинституционалното дејствување може да ја оснажни опозицијата, но само под услов идеите околу кои ќе дејствува партијата граѓаните да ги разберат како важни за нив. Договорот за формирањето на систем на централни комисии кои ќе бидат пандан на владините министерства треба да претставува прв чекор кон тоа односно прва порака дека нема само формално да ја критикуваат власта. Меѓутоа за некои поконкретни потези кои ќе ги привлечат граѓаните ќе биде потребно многу повеќе.

Не, не сум информиран, меѓутоа со тој кадар не верувам дека ќе успеат. Мене ми е баш жал за таа партија, меѓутоа тоа е тоа.

​„Се надевам дека ќе има ефект, затоа што се надевам дека конечно нешто ново треба да се случи, зошто досега ова што се случуваше некако не е на ниво на кое што треба да биде. За нивната стратегија мислам дека засега нема доволна посетеност од медиумите, некако сме преблокирани со тоа колку се е прекрасно во Република Македонија, колку се на прекрасно ниво, како цвета работата, како младите имаат одличен живот.“

„Не, не сум информиран, меѓутоа со тој кадар не верувам дека ќе успеат. Мене ми е баш жал за таа партија, меѓутоа тоа е тоа.“

„СДСМ додека не седне да си ги реши внатрешните проблеми и да си најде ново раководство, нема да успее кај народот.“

Како и да е засега новата стратегија нема позначаен прием кај граѓаните, а една од причините затоа е што освен одредени портали сите поголеми медиуми малку информираат за активностите на опозицијата, а тенденција им е главна тема да им бидат активностите на власта велат дел од граѓаните во рубриката Хајд Парк на Радио Слободан Европа.

Со упорна работа, со видливи настапи, со многу аргументи, многу појавувања пред нив, ќе дадат резултати, поради тоа што се влошуваат и економската и социјалната и политичката состојба, сето тоа ако го искористи СДСМ, тогаш ќе биде успешна таа т.н. кампања.

Евидентно е дека она што досега го работеше опозицијата не даде резултати. Аналитичарот Исмет Рамадани меѓутоа не смета дека тоа може да потрае долго зошто како што истакнува сегашната власт наспроти контролата врз медиумите не е во состојба да произведе добар резултат. Предвидува дека резултатите од вонинституционалното дејствување ќе бидат видливи, но понатаму. Ниту еден сегмент во државата не е унапреден, за тоа ќе станат свесни поголемиот дел од граѓаните и ќе побараат алтернатива, смета Рамадни.

„Со упорна работа, со видливи настапи, со многу аргументи, многу појавувања пред нив, ќе дадат резултати, поради тоа што се влошуваат и економската и социјалната и политичката состојба, сето тоа ако го искористи СДСМ, тогаш ќе биде успешна таа т.н. кампања.“

Но повеќето граѓани немаат впечаток дека ова е вистина. Некои сметаат дека опозицијата нема сила да ја придвижи Македонија и дека постојано предвидуваат политичка криза. Некои тврдат дека СДСМ знаат само да критикуваат.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека крајната цел на стратегијата е да се извлече државата од бесперспективноста на контролираното и манипулациско владеење и да се врати земјата на нормален колосек.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG