Достапни линкови

Ново видео на милитантите во Ирак со егзекуција


Милитантите од Исламската држава постирале видео на кое се гледа како му ја отсекуваат главата на заробен курдски војник во Ирак. Преку видеото, ги предупредуваат курдските лидери во Ирак да ја прекинат воената соработка со Соединетите Држави.

Милитантите егзекуцијата ја извршиле пред Големата Џамија во градот Мосул, кој е под нивна контрола.

Видеото е објавено еден ден по обелоденувањето на фотографиите од убиството на 160 сиријски владини војници, заробени во северна Сирија од страна на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG