Достапни линкови

Во конфликтот во Украина досега загинале 2.600 луѓе


Во најновиот извештај на Обединетите Нации се вели дека во конфликтот во источна Украина досега биле убиени 2 илјади и 600 луѓе, а нотирани се и сериозни кршења на човековите права, вклучувајки и киднапирања и тортури, пред се, од страна на про-руските сепаратисти. Во документот, истовремено презентиран денеска во Женева и во Киев, се документирани и прекршувања од страна на украинските сили. Наведено е и дека не е докрај јасно колку луѓе се во заробеништво во Украина, но се верува дека до 17-ти август, најмалку 468 лица биле заробени од рани вооружени групи.

XS
SM
MD
LG