Достапни линкови

Половина од популацијата на Сирија расселена


Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации соопшти дека поради граѓанската војна во Сирија, околу 3 милиони луѓе ја напуштиле земјата, што е за еден милион повеќе во однос на претходната година. 6 ипол милиони сиријци се внатрешно расселени. Високиот комесар за бегалци, Антонио Гутиерес, изјави денеска дека сиријската криза станува најголемиот хуманитарен проблем на нашата ера, бидејки речиси половина од жителите на Сирија биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на конфликтот во 2011-та.

XS
SM
MD
LG