Достапни линкови

Состанок на НАТО за кризата во источна Украина


Официјални претставници на НАТО ќе се сретнат денеска во Брисел за да разговараат за кризата во источна Украина. Вчера НАТО соопшти дека најмалку илјада руски војници се борат во Украина и објави, како што е речено, сателитски фотографии на движењето на руски самоодни артилериски единици во минатата недела.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Русија ги обучува, вооружува и ги финансира про-руските сепаратисти во Украина, додавајќи оти тоа јасно се гледа од новите фотографии на руските трупи во Украина. Сепак, Обама ја отфрли можноста за воена акција.

На итна седница на Советот за безбедност на ОН западните претставници изразија шокираност. Американскиот амбасадор Саманта Пауер изјави дека Русија манипулира и отворено лаже. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин не го негира руското присуство во Украина, но рече дека станува збор за „руски волонтери“.

Претходно, украински официјални лица соопштија дека руски трупи, поддржани од тенкови, го зазеле пограничниот град Новоазовск.

XS
SM
MD
LG