Достапни линкови

Обама: сеуште нема стратегија за соочување со Исламската држава


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД сеуште немаат стратегија за соочување со Исламската држава во Сирија. Говорејќи вчера во Вашингтон, Обама истакна дека се разгледуваат голем број опции. Тој додаде дека наскоро ќе го испрати Државниот секретар Џон Кери на Блискиот Исток за да разговара за тоа со регионалните партнери. Обама порача дека е време државите на Блискиот Исток „да престанат да бидат амбивалентни“ во врска со целите на екстремистички групи како Исламската држава.

САД веќе нападнаа цели на милитанти во Ирак, а официјални претставници на администрацијата соопштија дека претседателот разгледува слични акции во соседна Сирија.

Обама говореше непосредно пред состанокот со неговите советници за национална безбедност, за опциите на Пентагон за соочување со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG