Достапни линкови

Пакистан: лидерите на протестите на преговори со армијата


Тахир ул Кадри

Тахир ул Кадри

Лидерите на одделните масовни протести во пакистанскиот град Исламабад, Тахир ул Кадри и Имран Кан се согласија да преговараат со армијата во обид да се реши политичката криза во земјата за 24 часа. Кадри, популистички свештеник, вчера им рече на своите следбеници на протестите во Исламабад дека шефот на армијата побарал од нив 24 часа за решавање на кризата. Малку потоа, Имран Кан, лидер на опозициската партија Техрек и Инсаф ги повтори забелешките на Кадри.

Кадри и Кан ги предводат демонстрантите кои бараат оставка на премиерот Наваз Шариф, кој завчера изјави дека нема да се повлече. Сепак, тој го откажа патувањето во Турција предвидено за вчера, заради решавање на политичката криза.

XS
SM
MD
LG