Достапни линкови

logo-print

Времето денеска сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од 11 до 19, а дневната ќе биде од 26 до 31 степен. Во Скопје слично време, со утринска температура до 16 и со дневна до 29 степени.

Во охридско-преспанскиот регион во текот на денот ќе има услови за повремен дожд. Температурата ќе достигне до 27 степени. Во Дојранскиот регион времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и со температура до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

За време на викендот во поголем дел од земјава ќе преовладува претежно стабилно време. На одделни места ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови.

Од почетокот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Температурата ќе биде во благо опаѓање.

XS
SM
MD
LG