Достапни линкови

Дневен печат - Собранието стана ринг

Тепачка во македонскиот парламент меѓу пратеници од партиите ДПА и ДУИ.

Тепачка во македонскиот парламент меѓу пратеници од партиите ДПА и ДУИ.

Тепачката во Собранието и Самитот во Берлин, се двете топ теми за кои пишуваа неделниците изминатата недела.

Сцените на тепачки од парламентите на Украина или Тајланд или Јужна Кореја не се веќе интересни. Си имаме и ние тепачки, и тоа какви! „Собранието стана ринг - општа тепачка меѓу пратениците на ДУИ и на ДПА“, објави на насловната Утрински. „Лагите, мајмуните и пцостите причина за тепачката во Собранието“, наслови Дневник. „Талат и Орхан се фатија за гуша, Владанка жив штит“, пишува Вечер.

Собранието стана ринг - општа тепачка меѓу пратениците на ДУИ и на ДПА.

Утрински весник.

Утрински ја објавува реакцијата на СДСМ: „Инцидентот во Собранието е резултат на политиките на поделби“. Инаку, Утрински забележува: „Во отсуство на опозициските пратеници предводени од СДСМ, уставните измени мазно ги поминуваат собраниските филтри“. Дневник објавува информација за она што неколку дена беше топ тема, особено на телевизиите, дека „Сè повеќе заразени од жолтица во земјава“. Инаку, секое чудо за три дена:за листеријата и жртвите од неа никој веќе не објавува ништо.

Самит во Берлин.

Втора топ тема: Балканскиот самит во Берлин во организација на канцеларката Меркел. „Берлин не гледа конструктивност во спорот за името - името се разговара ама нема да се решава, бидејќи Грција не е на масата“, известува Утрински од брифингот за новинарите организиран од домаќините. Вечер како да одговара на засилените иницијативи од страна на Германија да го засили влијанието на Балканот, па насловува: „Меркел ќе мора нешто и да даде, не само да бара!“

Меркел ќе мора нешто и да даде, не само да бара!

Вечер.

Нова Македонија со интервју со Кент Патон, заменик помошник државен секретар во американската влада за време на Џорџ Буш помладиот, инаку еден од најдобро упатените странски аналитичари на македонската политичка сцена. Во насловот ги вади неговите оптимистички зборови: „Решението за името не е толку комплицирано“. Утрински објавува анализа во која вклучува мислења на експерти и дипломати дека „Поделеноста е голем хендикеп за ЕУ - домашниот политички врв нема големи надежи пред самитот на НАТО и годишниот извештај на Европската комисија. Дали е време за нова стратегија?“

Истиот весник пишува и дека „Македонија е без свои амбасадори во водечките земји Кина, САД, Русија и Германија, земјите кои ја движат целата светска политика“. Вечер со грижа за активностите на џихадистите: „Џихадистите ги повикуваат Македонците да дерат живи луѓе“.

Дневник информира за хајката против МПЦ: „Сојузници пред 100 години, сојузници и денес - Српската црква се придружи на грчкиот линч врз архиепископот Стефан“.

• 16x9 Image

Горица Попова

Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG