Достапни линкови

logo-print

Самит во Берлин-Македонија ќе бара поактивна улога од Германија


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Германија треба да биде поприсутна во регионот и на политички и на економски план, а предизвиците и нерешените прашања на регионот треба да се предизвици и нерешни прашања на Европа и на Европската унија. Ова се позициите од кои ќе настапи Македонија на самитот „Германија – ЕУ – Западен Балкан“ што денеска се одржува во Берлин.

Како што информираат извори од македонската Влада, Германија, како една од клучните и носечки земји на ЕУ, кон која се стремат сите земји од регионот, би можела да помогне во нивно надмнување, а игнорирањето може да придонесе тие да се продлабочат.

Самитот е на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а учествуваат Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Македонската делегација ја предводи премиерот Никола Груевски, а во нејзин состав се и вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири.

XS
SM
MD
LG