Достапни линкови

Авганистан-Ревизијата на гласовите нема да заврши до 2 септември


Кутии со гласачките ливчиња од изборите во Авганистан.

Кутии со гласачките ливчиња од изборите во Авганистан.

Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соопшти дека ревизијата на гласовите од вториот круг на претседателските избори нема да биде завршена до 2 септември, денот кога е закажана инаугурацијата на новиот шеф на државата. Тоа на Карзаи му го соопштил претставник на ОН, кој ја надгледува ревизијата на гласовите.

Двајцата претседателки кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани прогласија победа на изборите. Претставникот на ОН изразил надеж дека ревизијата ќе биде завршена до 10 септември.

XS
SM
MD
LG