Достапни линкови

НАТО-Повеќе од 1000 руски војници се борат во Украина


Руски војници.

Руски војници.

Западните новински агенции јавија дека НАТО верува оти повеќе од 1000 руски војници се борат во Украина, повикувајќи се на анонимен извор од Алијансата. Тој изјавил дека руските војници ги поддржуваат сепаратистите и се борат заедно со нив.

Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно ја обвини Русија за испраќање на војници во земјата. Тој свика итен состанок на Советот за национална безбедност на кој ќе се разговара за влошената ситуација во Доњецк. Русија негира дека ги снабдува со оружје сепаратистите или дека испраќа војници во Украина.

XS
SM
MD
LG