Достапни линкови

Ердоган положи заклетва на претседателската функција


Досегашниот премиер на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Досегашниот премиер на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва пред Парламетот со што и официјално стана новиот претседател на земјата. На функцијата премиер ќе го замени новиот лидер на владејачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Давутоглу. Ердоган на 10 август победи на првите директни избори за претседател на Турција, по што мораше да поднесе оставка од премиерската функција и од лидерската позиција на партијата. На инаугурацијата во Анкара присуствуваат 93 странски делегации, а македонската ја предводи претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG