Достапни линкови

Порошенко: руска инвазија врз Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека била во тек руска воена инвазија и оти затоа свикал итна седница на Националниот совет за безбедност и ја откажал посетата на Турција. Претходно, Украинскиот совет за безбедност и одбрана на твитер објави дека руски војници ја презеле контролата врз граничниот град Новоазовск. Градоначалникот на овој град, како што јавуваат агенциите, изјавил дека проруски борци влегле во Новоазовск со поддршка на десетина оклопни возила.

XS
SM
MD
LG