Достапни линкови

Инаугурација на Ердоган за претседател на Турција


Новоизбраниот претседател на Турција, досегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ќе биде инаугуриран за шеф на државата. На функцијата премиер ќе го замени новиот лидер на владејачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Давутоглу. Ердоган на 10 август победи на првите директни избори за претседател на Турција, по што мораше да поднесе оставка од премиерската функција и од лидерската позиција на партијата. На инаугурацијата во Анкара ќе присуствуваат 93 странски делегации, а македонската ја предводи претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG