Достапни линкови

Во Берлин, конференција за Западен Балкан


Со состанокот на министрите за стопанство на земјите од Балканот, денеска во Берлин почна конференцијата посветена на европската перспектива на регионот чиј домаќин е германската канцеларка Ангела Меркел. На конференцијата учествуваат претседателите на држави или на влади и министрите за надворешни работи и за стопанство на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија, како и на Хрватска и на Словенија кои се членки на Европската унија. Во Берлин е и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, како и комесарите за проширување и за енергетика Штефан Филе и Гинтер Етингер.

XS
SM
MD
LG