Достапни линкови

logo-print

Оланд: руските акции во Украина неприфатливи


Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека е неприфатливо и не може да биде толерирано доколку руските сили оперираат на украинска територија како што претходно обвинија украинските власти. „Русија не може да се надева да биде супер сила на 21 век доколку не ги почитува правилата“, рече Оланд на денешната средба во Париз со француските амбасадори. Говорејќи за ситуацијата во Сирија, Оланд оцени дека претседателот Башар ал Асад не му е партнер на Западот во борбата против тероризмот и милитантите на Исламската држава. „Не може да се прави избор меѓу две варварства“, рече Оланд, кој исто така побара од Обединетите нации да им дадат поддршка на властите во Либија во борбата против исламските милитанти.

XS
SM
MD
LG