Достапни линкови

Западот бара објаснување за руските акции во Украина


Западот го зголеми притисокот врз Москва за да го објасни тоа што американски официјални личности го оценуваат како директна интервенција на руската војска во источна Украина. Во денешната порака на твитер Џефри Пјат наведува дека „зголемен број руски војници директно интервенираат во борбите на украинска територија“. Германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара објаснување во врска со наводите за влегувањето на руски војници во Украина. Стејт департментот соопшти дека постојат сомневања оти во источна Украина била во тек контраофанзива раководена од Русија.

XS
SM
MD
LG