Достапни линкови

Штајнмаер- Силна подршка на Германија за Западен Балкан


Германскиот министер за надворешни рaботи Франк Валтер Штајнмаер на конференцијата во Берлин за Западен Балкан изјави дека Германија и натаму силно се ангажира за регионот и ја подржува европската перспектива на сите држави од Западен Балкан, соопшти германската влада.

"Сакаме да го искористиме состанокот во Берлин за да
оддадеме признание за досегашниот напредокот на регионот на патот кон Европската унија.Истовремено ќе расправаме за прашања кои се одлучувачки за брзината и успехот
на приближувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. По тој повод, ќе стане збор и за тоа како државите , па и во рамките на регионалната соработка може да ги подобрат
потребните реформи ", рече Штајнмаер

Тој рече дека се радува што во Берлин ќе дојдат неговите колеги
од сите држави од Западен Балкан и другите активни партнери. "

XS
SM
MD
LG