Достапни линкови

Русија обвинета за нападот во Украина


Германија побара објаснување од Москва поради извештаите за рускиот воен упад во југоисточниот дел на Украина. Во синоќешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин , германската канцеларка Ангела Меркел истакнала дека Русија има голема одговорност за деескалацијата на ситуацијата во источна Украина. Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека се сомнева оти Русија ја диригирала контраофанзивата против украинските владаини сили во Доњецк и Луганск. Претходно, Киев најави дека ќе испрати засилување во градот Новоазовск кој е во близина руската граница, откако градоначалникот кажа дека про-руски борци влегле во градот со поддршка од десетици оклопни возила. Украина оцени дека руските сили ги поддржуваат нападите на сепаратистите. Москва негира дека ги вооружува бунтовниците или оти испраќа војници во Украина.

XS
SM
MD
LG