Достапни линкови

logo-print

Израел и Хамас прогласија победа во Газа


Израел и Хамас прогласија победа по седум неделниот конфликтот во Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас е тешко погоден и оти не добил ништо од своите барања. Во Газа, маскирани милитанти се собраа околу урнатините на уништените домови и прикажаа митралези, гранати, ракети, и противтенковски проектили. Со прекинот на огнот на 26 август се стави крај на борбите во кои повеќе од 2100 луѓе загинаа, од кои повеќето Палестинци.Во меѓувреме, Светската програма за храна на ОН обајви дека еден од нејзините конвои влегол во Газа, за да однесе храна за околу 150.000 луѓе.


XS
SM
MD
LG