Достапни линкови

Маратонска седница за продажбата на ФК „Пелистер“


Седница на Советот на Општина Битола.

Седница на Советот на Општина Битола.

Надвор од двата тендера за продажба на клубот, кои пропаднаа зашто не се јавија заинтересирани купувачи, до општината која е сопственик на ФК „Пелистер“, пристигнаа две понуди од двајца инвеститори.

Договорите за продажба на фудбалскиот клуб „Пелистер“ предизвикаа маратонска и жестока расправа во битолскиот општински совет. Надвор од двата тендера за продажба на клубот, кои пропаднаа зашто не се јавија заинтересирани купувачи, до општината која е сопственик на ФК „Пелистер“, пристигнаа две понуди од двајца инвеститори. Едната од бизнисменот Гаврил Папанастасос од Латвија, а другата од компанијата Цермат.

Продавачот на купувачот му ја отстапува без надомест целата расположлива инфраструктура на градскиот стадион. Сè она што ние ќе инвестираме како општина, му даваме на користење без надомест на 30 години.

За советниците од опозицијата, двата договори се штетни за клубот и општината.

„Сакаат Пелистер да му го продадат на извесен Гаврил Папанастасос, сомнително лице во режија на Владимир Талески. На денот на потпишување на договорот купувачот ќе депонира 10 илјади евра како гаранција дека за 60 дена ќе обезбеди 300 илјади евра. 60 дена во фудбалот е полусезона, може да продаде голем број на играчи, да намести голем број натпревари и да си замине“, рече Александар Касаповски од ЛДП.

Е шанса да разговараме за да му помогнеме на клубот, ако овие две понуди не се добри, кажете трета. Не очекувам некој да профитира за партиски поени зашто очекувам на сите да ни биде важно да го решиме проблемот.

„Не е наведено од која банка ќе донесе банкарска гаранција. Додека ја достави банкарската гаранција може да склучи 20 договори со професионални фудбалери од каде било. Тие износи можњ да бидат од 50 до 200 илјади евра. На крај да каже јас заминувам, трошоците ќе останат на општина Битола“, смета Зоран Стојчевски од СДСМ.

„Адресата на господинот Гаврил во Латвија не е таа. Во таа зграда во која е наведен станот е зграда во која има регистрирана компанија, а не физичко лице. Денешните информации кои проструија дека се откажува од понудата ме става во сомнеж дека идејата е тој да биде зајакот по кој сите ќе трчаме, за на крај договорот да го добие Цермат“, реагира Благојче Котевски од НСДП.

Котевски се осврна и на договорот со фирмата „Цермат“.

„Продавачот на купувачот му ја отстапува без надомест целата расположлива инфраструктура на градскиот стадион. Тоа е постоечкиот терен на стадионот, помошните терени, теренот со вештачка трева, ќумурното игралиште. Сè она што ние ќе инвестираме како општина, му даваме на користење без надомест на 30 години“, вели тој.

Градоначалникот Владимир Талески критикува дека дел од опозицијата на оваа тема собира политички поени, но и прифати дека општината ќе мора да побара гаранцијата да биде во домашна банка, да се намали рокот за нејзино доставување и слично.

„Е шанса да разговараме за да му помогнеме на клубот, ако овие две понуди не се добри, кажете трета. Не очекувам некој да профитира за партиски поени зашто очекувам на сите да ни биде важно да го решиме проблемот“, изјави Талески.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG