Достапни линкови

Русија ќе одговори на ротацијата на НАТО силите


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Руските власти соопштија дека ќе преземат мерки доколу НАТО започне со ротација на војската во источните земји членки на Алијансата. Руската постојна мисија на НАТО на твитер објави дека реакцијата на земјата ќе биде со цел да ја осигура својата безбедност.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен за весникот Гардијан изјави дека ротацијата на војската ќе биде извршена на тој начин што секој потенцијален агресор ќе знае дека напад на земја членка на НАТО ќе значи и напад на целата Алијанса.

XS
SM
MD
LG