Достапни линкови

Украина со нови обвинувања за Русија


Украинските власти соопштија дека руски војници и оклопни возила повторно ја преминале границата на земјата во источниот дел. Портпаролот на војската Андриј Лисенко изјави дека во последните борби загинале 200 сепаратисти и 13 украински војници.

Според војската, голем конвој на тенкови и оклопни возила патувал од Русија кон Теманове, кое се наоѓа на 80 километри одалечност од Доњецк. Се уште не е јасно дали се работи за истиот конвој, кој украинските власти го нападнаа во близина на Мариупол пред два дена.

XS
SM
MD
LG