Достапни линкови

logo-print

ОН со осуда за убиствата на цивили во Сирија


ОН ја осудија сириската влада за користењето на хемиско оружје против цивили, а милитантите на Исламската држава за јавната егзекуција во реоните во земјата кои се под нивна контрола.

Назависната комисија за истрага утврдила дека владата на претседателот Башар ал Асад извршила напад со хемиски бомби во села во северниот дел на Сирија каде живеат цивили. Според комисијата, освен егзекуциите милитантите извршувале и ампутации и тренирале деца над 10 годишна возраст.

XS
SM
MD
LG