Достапни линкови

logo-print

Иран менува реактор поради загриженоста за нукеларната програма


Нуклеарна постројка во Иран.

Нуклеарна постројка во Иран.

Иранските медиуми јавија дека Техеран започнал да го менува реакторот Арак со цел да ја елиминира загриженоста на западните земји дека исламската република можеби работи на нуклеарно оружје. Шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи изјави дека во тек е постапката за модификацијата на рекаторот.

Западните земји се плашат дека реакторот би можел да му обезбеди на Иран плутониум за нуклеарно оружје. Иран претходно вети дека ќе го модифицира рекаторот да призведува само килограм плутониум годишно, наместо осум килограми, како што првично беше планирано.

XS
SM
MD
LG