Достапни линкови

Шефот на ММФ е под истрага за небрежност


Претседателот на Меѓународниот Монетарен Фонд Кристин Лагард изјави дека дека е обвинета за небрежност во врска со случај на корупција кога беше француски министер за финансии.

Лагард, во изјавата негира дека сторила нешто лошо и нагласи оти нема намера да поднесе оставка. Случајот се однесува на справувањето со 400 милиони евра државна исплата на францускиот магнат Бернард Taпие во 2008 година.

Исплатата е поврзана со спорот меѓу Taпие и Кредит Лион банката која е делумно во државна сопственост околу продажбата на Спортска групација Адидас во текот на 1993. Пет лица се обвинети во случајот, меѓу кои и поранешниот шеф на кабинетот на Лагард, Стефан Ричард.

XS
SM
MD
LG