Достапни линкови

Ердоган ќе побара од Давутоглу нова влада


Ново избраниот турски претседател Реџеп Тапи Ердоган денеска на Конгрес на владеачката партија најави дека ќе побара од Ахмед Давутоглу да формира нова влада.Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска пак треба да биде избран за претседател на владеачката Партија на правдата и развојот.

Изборот на Давутоглу за претседател на АКП е природниот чекор кон премиерската функција, која исто така му е предложена на досегашниот прв дипломат на Турција. На инаугурацијата на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара пак денеска и утре присуствува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов, својот престој во Република Турција ќе го искористи и за посета на неколку турски компании, а ќе присуствува и на бизнис форум во индустриската зона во Остим, близу Анкара, соопшти кабинетот на шефот на македонската држава.

XS
SM
MD
LG