Достапни линкови

logo-print

Претепан руски новинар во Саратов


Русија, Саратов

Русија, Саратов

Новинарот Александар Крутов е сурово претепан од непознати напаѓачи во рускиот град Саратов. Тој истражува криминални дејствија и пишува за локалното списание „Јавно мислење.

Крутов бил нападнат од двајца мажи кога излегувал од неговиот стан. Ова е четвртиот напад врз Kрутов во неговата 20-годишна новинарска кариера во Саратов. Тој е добро познат по своите истражувачки приказни и има освоено неколку награди.

Напади врз руските новинари кои покриваат криминал и корупција се релативно честа појава, особено во провинциите, а сторителите ретко се изведуваат пред лицето на правдата.

XS
SM
MD
LG