Достапни линкови

Давутоглу - претседател на турската владеачка партија


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска треба да биде избран за претседател на владеачката Партија на правдата и развојот.

Околу 30.000 членови на партијата се очекува да присуствуваат на Конгресот, јави Анадолија. Изборот на Давутоглу за претседател на АКП е природниот чекор кон премиерската функција, која исто така му е предложена на досегашниот прв дипломат на Турција.

Реџеп Таип Ердоган, кој победи на претседателските избори на 10 август, го предложи Давутоглу за премиер.

XS
SM
MD
LG