Достапни линкови

Директните разговори Путин Порошенко, без напредок


Претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Петро Порошенко на директните разговори, по се изгледа, не постигнале напредок за решавање на кризата во источна Украина. На нивната средба во Минск и претходеа разговори со претседателите на Белорусија и Казахстан, како и со претставници на Европската унија.

По разговорите во Минск, украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека сите страни, без исклучок ги поддржале мировните предлози на Киев за крај на борбите и оти наскоро ќе биде подготвена рамката за постигнување на таа цел.

„Можам да кажам дека логиката за мировен план конечно беше поддржана од сите шефови на држави, без исклучок. Цврсто инсистиравме дека прв од сите договори треба да биде за постигнување мир и безбедност за украинските граѓани кои се под контрола на илегални вооружени формации.“

Порошенко додаде дека Украина се согласила со Русија да започнат консултации меѓу воените и граничните команданти на двете земји.

Киев смета дека единствен начин за запирање на крвопролевањето и за стабилизација на регионот е формирање ефикасни гранични контроли.

Можам да кажам дека логиката за мировен план конечно беше поддржана од сите шефови на држави, без исклучок. Цврсто инсистиравме дека прв од сите договори треба да биде за постигнување мир и безбедност за украинските граѓани кои се под контрола на илегални вооружени формации.

Одвоено, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе направи се за да го поддржи, како што рече, мировниот процес, доколку започне.

Сепак, според него, Киев треба повеќе да поработи со бунтовниците во источна Украина за создавање услови за прекин на огнот.

„Ние не можеме. Ние, Русија, ние не можеме да зборуваме за некакви услови за прекин на огнот, за можни договори меѓу Киев, Доњецк и Луганск. Тоа не е наша работа. Тоа е внатрешна работа на Украина. Можеме само да придонесеме за создавање атмосфера на доверба за време на тој преговарачки процес, кој според мое, уверување е неопходен“, изјави Путин.

Украина и Западот ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистите и оти ги снабдува со оружје. Ваквите обвинувања Москва ги отфрла.

Путин исто така рече дека со Порошенко се договориле да бидат одржани разговори за снабдувањето со гас на Украина. Според Порошенко, овие разговори меѓу Русија, Украина и Европската унија ќе се одржат на 6 септември.

Ние не можеме. Ние, Русија, ние не можеме да зборуваме за некакви услови за прекин на огнот, за можни договори меѓу Киев, Доњецк и Луганск. Тоа не е наша работа. Тоа е внатрешна работа на Украина. Можеме само да придонесеме за создавање атмосфера на доверба за време на тој преговарачки процес, кој според мое, уверување е неопходен.

Рускиот претседател додаде дека Москва, Киев и Брисел се согласиле да ја интензивираат работата за смирување на руската загриженост околу спогодбата за асоцијација маѓу Украина и Европската унија. Тој повтори дека Русија ќе преземе заштитни мерки доколку не биде направено нешто во врска со ваквата загриженост на Москва.

До овие средби во Минск дојде откако украинската армија соопшти дека руски сили, преправени како сепаратисти ја минале границата со десет тенкови и оти колоната била запрена по борбите со украинските сили во близина на градот Новоазовск.

Украинската армија објави и видео снимка со 10 руски војници кои биле заробени за време на нивната специјална мисија во Украина.

Во неа, еден од нив кој се идентификува како десетар Иван Милчаков од 331 падобрански полк признава дека ја минале границата и влегле во Украина во воена колона.

Тој додава дека од нивниот командат биле информирани оти одел во тридневна мисија во Украина, но не и со каква задача.

Руското министерство за одбрана за прв пат призна дека руски сили ја минале руско украинската граница. Но, според министерството, војниците биле во патрола и случајно минале на територијата на Украина.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG