Достапни линкови

logo-print

Нема напредок по средбата Путин-Порошенко


Рускиот и украинскиот претседател одржаа директни разговори за кризата во источна Украина, но се чини дека нема напредок по средбата. Владимир Путин и Петро Порошенко одржаа двочасовни тет-а- тет разговори во Минск, веднаш по деталните преговори со официјални претставници на ЕУ и претседателите на Белорусија и Казахстан. Порошенко изјави дека сите страни го поддржале мировниот предлог на Киев за прекин на борбите меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти и дека патоказот ќе биде подготвен што е можно поскоро. Путин пак изјави дека Русија "ќе стори сé за да го поддржи овој мировен процес доколку тој започне, но дека работа на Киев е да создаде услови за прекин на огнот со бунтовниците. Украина и Западот ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистите и ги снабдува со оружје. Москва ова тврдење го негира.

XS
SM
MD
LG