Достапни линкови

Израел и Палестина се согласија на прекин на огнот


Израел и палестинските милитанти во Појасот Газа го прифатија „отворениот“ прекин на огнот во насока на рестартирање на преговорите за ставање крај на седумнеделниот конфликт. Примирјето беше посредувано од Египет и започна вчера попладне. Израел сака да се тргне блокадата на Газа за да се овозможи хуманитарна помош и градежни материјали да влезат на територијата контролирана од Хамас. Индиректните разговори за други прашања - вклучувајќи побарувачката на Хамас да се стави крај на израелската блокада на Газа и повикот на Израел за разоружување на Хамас, ќе започнat во Каиро во рок од еден месец. До ова доаѓа откако Израел и Палестинците продолжија со престрелките во Појасот Газа. Досега повеќе од 2.100 Палестинци се убиени во конфликтот, вклучувајќи 67 Израелци.

XS
SM
MD
LG