Достапни линкови

Загина американeц кој се борел во Сирија


Белата куќа ја потврди смртта на еден американски човек за кој се верува дека се борел заедно со исламистичките милитанти во Сирија. Висок американски официјален претставник изјави дека Даглас Мекејн се борел за исламската држава, која контролира големи делови од териториите во Ирак и Сирија. Мекејн, кои го прифатил исламот пред десет години, наводно, бил убиен во битката на 24 август. Во меѓувреме, американските медиуми објавија дека Исламската Држава бара 6, 6 милиони долари за откуп на американската работничка киднапирана во Сирија минатата година. До ова дојде откако САД, наводно почнале да вршат надзорни летови над Сирија пред можните воздушни напади против исламските милитанти. Соединетите Држави ги почнаа нападите против исламските милитанти во Ирак претходно овој месец.

XS
SM
MD
LG