Достапни линкови

САД: Египет и Обединетите Емирати стојат зад воздушните напади во Либија


Западните новински агенции цитираат американски официјални лица кои изјавиле дека Египет и Обединетите Арапски Емирати тајно ги започнале воздушните напади врз исламистичките милиции во Либија минатата недела. Според истите извори САД не учествувале и не обезбедиле било каква помош во бомбардирањето од 18 и 23 август. Египетскиот претседател Абдел Фата ал Сиси на 24 август негираше дека воените сили на Египет биле вклучени во каква било воена активност во соседна Либија. Неговата изјава уследи еден ден откако лидерите на Исламистичката милиција во Либија ги обвинија Каиро и Обединетите Арапски Емирати за бомбашки напад на своите позиции во текот на битката за аеродромот Триполи. Либискиот воздухопловните сили, исто така, негираа дека стојат зад нападите. Но, медиуми на 25 август известуваа дека авиони од Обединетите Арапски Емирати ги користеле воздушните бази во Египет за лансирање на воздушните напади.

XS
SM
MD
LG