Достапни линкови

Хеликоптер на ОН се урна во јужен Судан


Товарен хеликоптер на Обединетите нации се урнал во Јужен Судан, при што загинале тројца руски членови на екипажот. Мисијата на ОН во Јужен Судан соопшти дека четвртиот од екипажот ја преживеал несреќата на околу 10 километри јужно од Бентију, главниот град за производство на масло во државата. Руската амбасада во Судан потврди дека сите четворица биле руски државјани. Ми-8 хеликоптерот бил најмен од страна на ОН од руска авиокомпанија која требало да достави товарен авион. Повикувајќи се на првичните информации, руската авиокомпанија Утар изјави дека хеликоптерот бил соборен кога ја надлетувал областа која е жариште за време на граѓанскиот конфликт кој трае повеќе од осум месеци.

XS
SM
MD
LG