Достапни линкови

Шар Планина „шаренолика“ од смет и исечени дрвја


Наместо убава глетка на шума, планинарите сега гледаат исечени стебла, искршени гранки и расфрлани отпадоци.

Сè почесто на планинарските тури и излети посетителите се соочуваат со уништената природа на Шар Планина поради дивата сеча на дрвја, како и многу оставени отпадоци, алармираат од тетовските планинарски клубови. Наместо убава глетка на шума, планинарите сега гледаат исечени стебла, искршени гранки, расфрлани отпадоци.

За тоа се виновни сите. И планинарите, за тоа се виновни и институциите. Зошто сме ние виновни планинарите? Затоа што никогаш досега јавно не сме истапиле да го кажеме овој проблем.

Професионалниот водач во планина, Александар Стојановски-Цули, вели дека иако планинарењето станува сè попопуларно, од друга страна, планините сè повеќе се уништуваат и загадуваат.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„За тоа се виновни сите. И планинарите, за тоа се виновни и институциите. Зошто сме ние виновни планинарите? Затоа што никогаш досега јавно не сме истапиле да го кажеме овој проблем. Во последно време стана актуелно, а истото тоа дивеење и негрижа се спроведува веќе со години“, вели Цули.

Жална е сликата, навистина. Од друга страна ние и еколошките друштва се бориме за подобра животна средина. Се прават физибилити студии за прогласување на Шар Планина за национален парк, меѓутоа јас не видов дека се презема нешто.

Борис Стојановски од планинарскиот клуб Јелак, кој веќе 40-тина години планинари, вели дека последнава деценија интензивно трае пустошењето на Шар Планина.

„Не може да се спореди тогашното време на Шар Планина и сега. Во смисла на загаденоста, во смисла на сечата, отпади итн.“, вели Борис Стојановски.

Со ваква слика попусто ќе биде да се повикуваат туристи да ги посетат нашите планини, предупредуваат соговорниците.

„Просто е разочарувачки да имаме ваква слика на планините, каде што е познато дека врват патеки, врват планинари. Се трудиме да развиваме туризам, ама веќе нема каде и нема со што“, вели Александар Стојановски-Цули.

Планинарот Борис смета дека институциите многу време трошат со разни проекти за заштита на животната околина, отколку со конкретни мерки. Тоа треба да се смени, вели тој.

„Жална е сликата, навистина. Од друга страна ние и еколошките друштва се бориме за подобра животна средина. Се прават физибилити студии за прогласување на Шар Планина за национален парк, меѓутоа јас не видов дека се презема нешто“, вели Борис Стојановски.

Еколозите исто така предупредуваат дека покрај шумата, овие процеси ја уништуваат и богатата биолошка разноликост, а во опасност се доведуваат и животинските видови.

XS
SM
MD
LG