Достапни линкови

logo-print

Египет потврди постигнат договор за примирје во Газа


Израелски воздушен напад врз Појасот Газа.

Израелски воздушен напад врз Појасот Газа.

Египетските власти потврдија дека израелските и палестинските лидери постигнале договор за трајно примирје за решавање на конфликтот во Појасот Газа. Според властите, разговорите меѓу двете страни ќе продолжат во Каиро. Претходно Хамас соопшти дека договорот предвидува и Израел да ја прекине болкадата на Појасот Газа.

Според Хамас, разговорите за потешки прашања како нивното барање да се отвори аеродромот и пристаништето во Газа ќе започнат во наредниот месец. Палестинскиот лидер Махумд Абас потврди дека бил постигнат договор.

XS
SM
MD
LG