Достапни линкови

Израел и Хамас постигнале примирје?


Палестински војници во Појасот Газа.

Палестински војници во Појасот Газа.

Западните агенции цитираа водач на Хамас кој изјавил дека бил постигнат договор за примирје со Израел со кој ќе се стави крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 2000 лица. Водачот на Хамас, кој зборувал анонимно нагласил дека договорот предвидува отворен прекин на огнот и Израел да ја прекине болкадата на Појасот Газа.

Според него, разговорите за потешки прашања како барањето на Хамас да се отвори аеродромот и пристаништето во Газа ќе започнат во наредниот месец. Тој порачал дека египетските власти кои посредуваа во преговорите меѓу Хамас и Израел ќе ја соопштат денеска информацијата. Се уште нема коментар од Израел.

XS
SM
MD
LG