Достапни линкови

Порошенко-Разговорите во Минск ќе ја решат судбината на Европа


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека неговите разговори во Минск со рускиот претседател Владимир Путин и претставници на ЕУ ќе ја решат судбината на светот и Европа. Тој порача дека бара политички компромис и дека запирањето на испораката на оружје на сепаратистите во источна Украина ќе го отвори патот за мир во земјата.

Путин изјави дека украинската криза може само да биде решена преку разговори со Киев и претставници од источна Украина. На состанокот учествуваат и претседателите на Белорусија и на Казахстан Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев, како и високи претставници на Европската унија.

XS
SM
MD
LG