Достапни линкови

Меѓусебни обвинувања на ДУИ и ДПА за тепачката во Собрание


Пратеникот на ДПА, Имер Алиу по денешната тепачка во Собранието, најави дека неговата партија нема да учествува во работата на законодавниот дом. Тој побара да започне постапка за кривично гонење на Талат Џафери, Реџаил Исмаили, Мирван Џемаили, Артан Груби и Муса Ибраими од ДУИ. Од пратеничката група не сакаат официјално да ја кажат причината за тепачката на Комисијата за финансирање и буџет, но неофицијално велат дека тоа биле вербалните провокации и пцости кои биле упатени од страна на пратеници од ДУИ кон нив.

Артан Груби во име на пратеничката група на ДУИ побара формирање Анкетна комисија која веднаш ќе го расчисти овој случај и ќе одреди одговорност за тие што го иницираа инцидентот. Според него, инцидентот бил предизвикан од пратениците на ДПА Орхан Ибраими и Беким Фазлиу. Причината, како што изјави Груби е отсуството на аргументи на ДПА и на конкуретна понуда за албанските гласачи, како и од постојаната фрустрација од поразите на избори во Македонија. Груби потврди дека пратеникот Исмаили е повреден под окото и побарал лекарска помош и оти е во болницата.

XS
SM
MD
LG