Достапни линкови

logo-print

Колку европската агенда е приоритет за македонскиот премиер?


Премиерот Никола Груевски присуствува на почетокот на изградба на нова технолошки индустриски развојна зона во Струга.

Премиерот Никола Груевски присуствува на почетокот на изградба на нова технолошки индустриски развојна зона во Струга.

Премиерот Никола Груевски не присуствуваше на вчерашниот состанок на премиерите од западен Балкан во Цавтат и во исто време во Струга присуствуваше на поставувањето на камен темелник на нова технолошко-индустриска развојна зона.

Иако не присуствуваше на вчерашниот состанок на премиерите од западен Балкан во Цавтат, македонскиот премиер Никола Груевски сигурно ќе оди на конференцијата што в четврток во Берлин ја приредува германската канцеларка Ангела Меркел, потврдуваат од Владата.

Ваквите иницијативи се совршена прилика да покажеме колку ние сфаќаме дека сме дел од регионот, дека сме дел од некоја поширока приказна. Нашиот премиер не може да ја сфати големата слика.

Неговото отсуство на состанокот на кој беше разговарано за инфраструктурни и други проекти од заеднички интерес за државите на западен Балкан, во јавноста различно се толкува. Опозицијата смета дека ваквиот однос на Груевски е уште една потврда дека тој не е заинтересиран за европската агенда на земјава и оти не е способен да води глобална политика.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Ваквите иницијативи се совршена прилика да покажеме колку ние сфаќаме дека сме дел од регионот, дека сме дел од некоја поширока приказна. Нашиот премиер не може да ја сфати големата слика“, изјави Лидија Димова од СДСМ.

Не би гледал на тоа како на некоја подготвителна средба во однос на четврточниот самит во Берлин за сите земји. Тоа е една иницијатива, премиерите на овие четири држави се сретнаа, се видоа, на западен Балкан има повеќе држави, не се само тие, меѓутоа се разбира разговарале за прашања што ги засегаат само нив.

Наместо да биде на маса со своите колеги од соседството и да покаже дека евроинтеграциите на земјава се нејзин приоритет, премиерот одбра да биде во Струга, каде што присуствуваше на поставувањето на камен темелник на нова технолошко-индустриска развојна зона, коментира опозицијата. Сепак професор, Никола Дујоски вели дека средбата на премиерите од Црна Гора, Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина била протоколарна и на неа македонскиот премиер немал обврска да оди.

„Не станува збор ниту за покана, ниту за обврска на сите лидери од западниот Балкан да одат на таа средба, особено затоа што претпоставувам дека темите не биле поврзани со сите држави, туку чисто со политиките на овие четири земји“, вели Дујоски.

Наспроти размислувањата на некои аналитичари дека Груевски проценил дека во моментот поважна е домашната економија и отворањето на нови работни места, па затоа одбрал да биде на поставување на камен темелник на индустриска зона, наместо на меѓународна конференција, Димова смета дека се работи за спин, па оттука е јасно и зошто медиумите во земјава не известуваа за состанокот во Цавтат.

„Јас мислам дека нему не му е поважен домашниот терен, туку јас мислам дека тој ова го прави за да спинува, за да не се чувствува, затоа што колку што тој е поприсутен дома со ваквите настани, толку помалку ќе се забележи дека отсуствува таму каде што треба“, изјави Димова.

Според Дујоски, пак, отсуството на Груевски на самитот во Цавтат не е политички некоректно и не треба да се сфаќа како одбивање или одбегнување на македонскиот премиер да присуствува на вакви средби. Иако потенцира дека балканските медиуми покажале голем интерес за овој самит, од македонските очекува повеќе информации од претстојниот самит во Берлин.

„Не би гледал на тоа како на некоја подготвителна средба во однос на четврточниот самит во Берлин за сите земји. Тоа е една иницијатива, премиерите на овие четири држави се сретнаа, се видоа, на западен Балкан има повеќе држави, не се само тие, меѓутоа се разбира разговарале за прашања што ги засегаат само нив“, вели Дујоски.

Конференцијата за западен Балкан ја подготвува германската канцеларка Ангела Меркел, која неодамна порача дека сите земји од регионот имаат европска перспектива, но оти членството во Европската унија зависи од спроведувањето на реформите.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG