Достапни линкови

logo-print

Самитот во Минск, можност за разговори за Украина


Претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Петро Порошенко се меѓу лидерите на денешниот самит во Минск. До состанокот доаѓа и покрај зголемените тензии меѓу Киев и Москва околу проруските сепаратисти во источна Украина. На состанокот учествуваат и претседателите на Белорусија и на Казахстан Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев, како и високи претставници на Европската унија. Маја Коцијанчич, портпарол на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон за Радио Слободна Европа изјави дека самитот е можност за разговори како да се создадат услови за политичко решение на украинската криза. Кремљ не ја отфрли можноста од директни разговори меѓу Путин и Порошенко, но не потврди дали тоа би било на билатерална средба.

XS
SM
MD
LG