Достапни линкови

Заробените руски војници случајно влегле во Украина


Руското министерство за одбрана соопшти дека руските војници кои биле заробени од украинските сили на југоистокот на Украина случајно ја минале руско украинската граница. Се наведува дека тие биле во патрола кога по грешка преминале во неодбележан дел од границата. Меѓутоа, украинската безбедносна служба соопшти дека десет руски падобранци биле заробени во близина на селото Џеркалне, на околу 50 километри јужно од градот Доњецк. Вчера украинската армија соопшти дека руски војници маскирани како сепаратисти влегле во Украина со 10 тенкови и две оклопни возила. Киев постојано ја обвинува Москва дека воено ги поддржува сепаратистите.

XS
SM
MD
LG