Достапни линкови

Одбележување годишнина од раѓањето на Мајка Тереза


Државната награда „Мајка тереза“ за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и соработка меѓу народите и припадниците на различните заедници, култури и вери денеска во македонското Собрание ќе и биде доделена на Поликсена Илиоска. Наградата се доделува по повод годишнината од раѓањето на оваа хуманистка. По истиот повод претствници на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ ќе положат цвеќе на нејзината спомен плоча на плоштадот Македонија. Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата за мир.

XS
SM
MD
LG