Достапни линкови

logo-print

Стрипот за Супермен продаден за 3,2 милиони долари


Ретка копија од првото издание на стрипот за Супермен е продадена за цена од 3,2 милиони долари. Двајца дилери со стрипови од Њујорк ја понудиле таа цена на онлајн аукцијата за стрипот и ја купиле од колекционер од американската држава Вашингтон. Станува збор за стрип од 1939 година. Тоа се смета за највисоката цена некогаш платена за стрип. Се претпоставува дека постојат околу 100 примероци од првиот стрип за Супермен.

XS
SM
MD
LG