Достапни линкови

logo-print

Порошенко и Путин ќе разговараат во Минск


Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска треба да се сретне со неговиот руски колега, Владимир Путин, на самит во главниот град на Белорусија, Минск. Средбата доаѓа во време на зголемена напнатост меѓу Киев и Москва поради ситуацијата во источниа Украина.

На самитот, исто така, ќе присуствуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и високи претставници на Европската унија.

Вчера Порошенко го распушти парламентот и повика на нови избори на 26 октомври.

XS
SM
MD
LG