Достапни линкови

logo-print

Доживотен затвор за зетот на Осама бин Ладен


Зетот на Осама бин Ладен треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако е осуден по обвиненија за тероризам, соопштуваат Соединетите држави. Во документите доставени на 25 август, обвинителите во Њујорк нотираат дека доживотна казна затвор за Сулејман Абу Гаит испраќа важна порака до потенцијалните терористи.
Абу Гаит беше осуден во март за неговата улога како портпарол на Ал-Каеда по нападите на 11 септември 2001 година. Обвиненијата вклучуваат заговор за убиства на Американци и поддршка на Ал-Каеда. Абу Гаит има 48 години и е имам роден во Кувајт, а се оженил за најстарата ќерка на Бин Ладен. Тој е највисокиот претставник на Ал Каеда изведен на суд на територијата на САД по нападите од 2001 година. Казната треба да му се изрече на за 23 септември.

XS
SM
MD
LG